Новитет во Премиер лигата – се укинуваат лентите со виножито!

Новата сезона во Премиер лигата ќе донесе и една промена, капитените на натпреварите повеќе нема да ги носат лентите на раката во боите на виножитото.

Со ваквата одлука ќе се прекине традицијата од осум години бидејќи ваквите ленти во најсилната англиска конкуренција се носеа од 2017 година.

Британските медиуми пренесуваат дека Премиер лигата го раскинала договорот за партнерство со организацијата „Stonewall“ која е тесно поврзана со ЛГБТ популацијата на Островот.

Така обврската за капитените да носат ленти во боите на виножитото се укинува. Во текот на изманите сезони не беа ретки и случаите во кои одредени фудбалери одбиваа да ја носат лентата поради своите убедувања, па во иднина нема да има таков прблем.

Одлуката за укинување била донесена на последниот состанок на кој присуствувале сите 20 капитени на клубовите во Премиер лигата.

Фото: Premier League