
Македонија се врати од осум гола негатива и ги победи Фарски Острови!
Македонските ракометарки покажаа две лица на овој натпревар, избраничките на Даниела Новеска имаа негатива од седум гола на полувремето, губевме со 17-10.
На стартот на вториот дел ракометарките на Фарски Острови дојдоа и до највисоки осум предност, но потоа се сменија работите. Македонија почна да ја топи негативата за на крајот да дојде и до сигурна победа од три гола разлика, 31-28.
Најдобра во нашата селекција беше Трифуноска со десет голови, Беровиќ постигна седум погодоци.
Македонија за 21. место кое носи опстанок во елитната конкуренција. За него ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Турција и Романија.