Aрсенал на тест, пристигнува понуда од 60 милиони фунти за Мартинели
Мартинели доаѓа до стартната постава на Микел Артета во најважните натпревари, но сепак станува збор за квалитетен кој може многу да му понуди на тимот, особено кога се во прашање офанзивните опции.
Токму затоа, Арсенал нема лесно да се откаже од неговите услуги, но пристигна понуда поради која челниците на клубот сериозно ќе размислат.
Ал Хилал подготви дури 60 милиони фунти за Мартинели, а преговорите веќе се во тек, тврди „Атлетик“.
Останува да се види како ќе се развива ситуацијата. Мартинели во овој преоден рок беше мета и на Интер, но беше јасно дека тешко ќе го напушти Арсенал за преселба на „Меаца“.
Сепак, во Саудиска Арабија би можел да добие значително поголема плата, што може да биде сериозен фактор во неговата одлука.
Фото: Arsenal FC/X