Фудбалер направи старт за во „затвор“, ВАР – премолче! (ВИДЕО)

На северот на Европа видовме брутален старт кој и покрај тоа што арбитрите имаа на располагање и ВАР не беше соодветно санкциониран.

Имено, на натпреварот меѓу Хорсенс и Лингби во Данска, Келвин Ехибхатиомхан стартуваше исклучително грубо над голманот Диего Кочен, кој како позајмен од Барселона брани во Лингби.

Судијата Мајкл Тикгард му покажа само жолт картон на фудбалерот на Хорсенс, но најчудно е како судиите во ВАР не го повикаа да ја прегледа својата одлука.

Кога е резултатот на натпреварот во прашање Хорсенс на крајот славеше победа со 2-1.