Вемби: Секогаш можеш да научиш некоја финта кога играш против Јокиќ!

Франција и Србија синоќа одиграа супер интересен меч кој имаше драматичен крај, Французите победија со кош во последната секунда.

Интересни беа дуелите на двата НБА центри, Виктор Вембањама и Никола Јокиќ.

„Нормално дека секогаш се учи кога играш против Јокиќ. Од такви дуели ќе научиш некои паметни финти“, рече Виктор Вембањама.

Вембањама и Јокиќ досега имале девет меѓусебни натпревари, Французинот добил три, Србинот шест.

Вемби е лидер на француската репрезентација во августовскиот ФИБА прозорец и вели дека се чувствува одлично.

„Од самиот почеток се чувствувам пријатно на теренот. Ние сме нов тим и уште не се познаваме ептен добро, па беше важно да тргнеме од почеток. Мислам дека направивме чекор напред. Моите зборови пред мечот беа ништо да не сфаќаме дека е лесно. Точно е дека е пријателски меч, но мора да научиме како се победува. Денеска извлековме неколку лекции“.