Ѓорческа денеска ги почнува квалификациите за УС Опен - познат е терминот!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска ги стартува квалификациите за последниот грен слем турнир оваа година, УС Опен.

По историскиот настап на Вимблдон, Ѓорческа ќе се обиде да дојде до уште еден грен слем турнир, а за да го направи тоа ќе треба да мине три пречки во квалификациите.

Првата е јапонската тенисерка Маи Хонтама, таа е 171. место на ВТА листата во овој момент, Ѓорческа е на 217. позиција.

Мечот меѓу Ѓорческа и Хонтама е втор на теренот број 16., дуелот треба да почне во 18:30 часот или подоцна, во зависност од тоа кога ќе заврши првиот меч на овој терен.