Риера: Ако некој треба да пофалам, тоа е Гаштаров - одржа мастерклас!

Македонскиот фудбалер, Матеј Гаштаров, доби големи пофалби од новиот тренер на Црвена звезда, Алберт Риера за она што го одигра против Чукарички.

Поради настапот во Европа, Риера го измешат составот за мечот против Чукарички, па шанса од првата минута доби Гаштаров.

Младинскиот репрезентативец на Македонија играше како стопер, но се вклучуваше и во средниот ред. Риера беше презадоволен од неговото издание.

„За мене Гаштаров одржа вистински мастерклас. Веројатно внимателно гледал како Круниќ игра на таа позиција, како се брани како стопер и како прави вишок во средината како „шестка“. Ако на некој треба посебно да му честитам, тоа е Гаштаров. Младите играчи многу брзо ги сфаќаат идеите и тоа ме чини исклучително среќен“, рече Риера.