
Ништо од Косово: Ангеловски може да заврши во БиХ!
Според информациите на босанскиот портал „klix.ba“, Aнгеловски е една од опциите за нов стратег на Сарајево откако од клубот си замина Зоран Зекиќ.
Крсте Велковски кој е спортски директор во Сарајево покрај останатите засилувања летово ги доведе Стефан Ристовски и Агон Елези, па така Ангеловски би можел да стане четвртиот Македонец во клубот.
„Максимално сме ангажирани во процесот за пронаоѓање на најдоброто решение за нов тренер на Сарајево. Ги разбирам навивачите кои се нетрпеливи, но уште не сме донеле одлука“, изјави Велковски на прашањето за новиот стратег.
Покрај Ангеловски како можни кандидати се споменуваа уште: Хусреф Мусемиќ, Миодраг Божовиќ, Александар Станојевиќ, Дејан Клафуриќ и Феџа Дудиќ.
Фото: HNK Gorica