И Милан би можел да има корист од трансферот на Шешко во Jунајтед!

Словенечкиот напаѓач, Бенјамин Шешко ја почна процедурата за комплетирање на трансферот во Манчестер јунајтед, а ситуацијата будно ја следи и Милан.

Словенецот денеска ги минува медицинските тестови, по што треба да стави потпис на договорот. Се очекува утре и официјално да биде промовиран како ново засилување за Манчестер јунајтед.

Ова е важно и за Милан кој го посакува Расмус Хојлунд. Со ангажманот на Шешко, се очекува Манчестер јунајтед да биде помек во преговорите со росонерите.

Милан се надева дека откако Јунајтед донесе нов напаѓач, тие ќе може да издејствуваат поприфатлива зделка за нив.

Италијанскиот клуб го сака Хојлунд на позајмица од една година со опција да го откупи по крајот на сезоната.

За Хојлунд тоа би било враќање во Серија А бидејќи претходно со голем успех настапуваше за Аталанта.