
Ѓорческа моќно до полуфиналето во Куршумлијска Бања!
Ѓорческа во првиот сет загуби само еден гем, во вториот противничката доби само два, резултатот беше 6-1 и 6-2 за нашата тенисерка.
Лина во полуфиналето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Астахова од Русија и Куламбајева од Казахстан која е четврта носителка на турнирот.
Македонската тенисерка е седма носителка.