Шок во НБА: Почина кошаркар на Мемфис - имаше само 29 години!
Причината за смртта на Кларк се уште не е официјално објавена, но веста предизвика голем шок меѓу навивачите, играчите и НБА заедницата.
Кларк целата своја НБА кариера ја мина во Мемфис Гризлис, кои го избраа како 21. пик на драфтот во 2019 година. Оттогаш тој беше нивни член, брзо стана еден од важните кошаркари во тимот.
Оваа сезона беше тешка за Кларк, поради повреди одигра само два натпревари. Речиси целата сезона ја пропушти поради повреда на колено. Заработи и повреда на листот.
Кларк во изминатата недела беше во центарот на вниманието поради работи надвор од кошарката.
Американските медиуми објавија дека тој бил уапсен на 1 април во округот Крос, Арканзас, по повеќе обвиненија, вклучувајќи трговија со нелегална супстанца, поседување на истата, бегство во возило при пречекорување на дозволената брзина и неправилно претекнување. Случајот привлече големо внимание во САД во тоа време бидејќи беше вмешан добро познат НБА играч кој со години имаше многу позитивен имиџ во лигата.
Кларк стана еден од заштитните знаци на новата генерација на Гризлис низ годините. Тој беше особено сакан од навивачите поради неговата енергија, посветеност и начинот на кој играше.