Шекил О’Нил ги избра тројцата најдобри кошаркари во НБА

Поранешниот најдобар центар во НБА-лигата, Шекил О’Нил ги избра тројцата кошаркари, за кои смета дека во моментов се најдобри во најсилната кошаркарска лига во светот.

О’Нил смета дека им нема рамен на Кави Ленар од Торонто репторс, Кевин Дурант од Голден Стејт вориорс и Леброн Џејмс од Лос Анџелес лејкерс.

„Ленар игра одлично. Кога судиите нема да досудат лична грешка над него, тој нема да покаже незадоволство, туку продолжува со играта. Тој е меѓу трите најдобри кошаркари во лигата. Леброн е на прво место според мене, а Дурант е на втората позиција“, вели О’Нил.

Токму Ленар беше прогласен за најкорисен кошаркар во последната финална серија во која Торонто го победија Голден Стејт со 4-2 и го освоија трофејот во НБА-лигата.