Шек импресиониран од Јокиќ: Те прогласувам за член на „Алијансата на центрите“! (ВИДЕО)

Новата одлична партија на Никола Јокиќ за победа на Денвер во првиот меч од финалето во НБА-лигата овој пат се случи пред очите на Шекил О'Нил, еден од најдоминантните центри во историјата на НБА-лигата. По завршувањето на мечот и триумфот на Денвер, Шек не криеше дека е фасциниран од Србинот.

Како дел од „Инсајд НБА“, шоуто на ТНТ посветено на најпопуларната кошаркарска лига, Шекил О'Нил разговараше за Јокиќ и со Јокиќ на импровизираното студио во „Бол арена“ и кажа дека Јокиќ е нешто посебно.

„Ова момче е супер импресивен центар и среќен сум што го гледав во живо. Тој е дефиниција за некој што знае како играта да му дојде кај него. Јас или Чарлс Баркли сме гризеле за ние да ја зграпчиме играта, но нему таа му доаѓа. Тој е дефиниција за голем играч“, рече Шекил, анализирајќи ги хајлајтсите од Јокиќ.

Кога Србинот им се придружи за да ја даде својата реакција по победата, Шек му призна дека може да се вброи меѓу најдобрите центри на сите времиња, каде што, впрочем, спаѓа и самиот тој..

„Не давам многу пофалби за центрите, но тебе можам да ти ги дадам сите комплименти на светот брате. Многу импресивно. Сега те прогласувам за член на алијансата на центрите“, заврши Шек во смеа.

Ако таква „институција“ навистина постоеше, тој, секако, мисли на Бил Расел, Вилт Чембрлен, Карим Абдул Џабар и тој самиот, центрите кои одбележале една ера во НБА.