Јокиќ со нов историски трипл-дабл го доближи Денвер до првата титула во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс го направија првиот чекор на патот кон историската прва титула во НБА, откако ноќеска, лесно и убелдиво, го совладаа Мајами хит (104-93) во воведниот меч од големото финале.

Најзаслужен, секако, беше Никола Јокиќ, кој дури и кога делува незабележителен на паркетот завршува со трипл-дабл како најдобар во двата тима. Српскиот интернационалец дебито во финалните пресметки со заврши со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции и тоа остварени со само 12 шута од поле.Тој воедно е првиот кошаркар во НБА по повеќе од две децении, кој имал двоцифрен ефект во три статистички категории во својот прв меч за титула во кариерата. Последен кој го направил тоа бил Џејсон Кид во далечната 2002 година, во поразот на Њу Џерси нетс од ЛА Лејкерс (95-99). Веднаш зад Јокиќ беше Џамал Мареј со 26 поени и 10 асистенции, додека Бам Адебајо со 26 поени и 13 скока беше најдобар кај составот од Флорида.

„Грумењата“ од Колорадо доминираа во сите 48 минути и заслужено дојдоа до триумфот во меч во кој уморните гости само двапати го имаа водството и тоа во самиот почеток од натпреварот. Денвер во финалната серија влегува одморен, со оглед што западното финале против ЛА Лејкерс го реши со чисти 4-0, додека „жешките“ играа дури седум средби во финалната серија на Истокот против Бостон (4-3).

Вториот мел, повторно во Денвер, ќе се одигра во ноќта помеѓу недела и понеделник по македонско време (2 часот).