Меси стрелаше, Алба асистираше, ама Интер Мајами беше – убедливо поразен (ВИДЕО)

Екипата на Минесота Јунајтед го направија едно од поголемите изненадувања сезонава во МЛС, убедливо совладувајќи го фаворизираниот Интер Мајами (4-1), за кој настапија ѕвезди како Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Домашниот состав го отвори натпреварот агресивно и уште во првото полувреме успеа да поведе со два гола – стрелци беа Бонгокуле Хлонгване и Антони Марканич. Интер Мајами накратко ја врати надежта преку голот на Меси на стартот од вториот дел, по убава асистенција од Алба, но таа не траеше долго. Наместо израмнување, следуваше автогол на Марсело Вајганд, а потоа и прецизен удар на Робин Лод, со што Минесота ја потврди доминацијата на теренот и си обезбеди сигурна победа.

 

 

По ова коло, Интер Мајами останува на четвртата позиција во Источната конференција со 21 бод, додека Минесота се искачи на петтото место во Западната конференција со 22 бодови.