ПМФЛ: Останаа две кола до крајот и само уште една непозната!

Денеска се играат натпреварите од 32. коло во Првата македонска фудбалска лига, работите сѐ решени со исклучок на позицијата која носи бараж за опстанок, Тиквеш, Брера и Беса се борат за да ја избегнат.

Шкендија е шампион, Силекс и Работнички одат во Европа, а Гостивар и Воска испаѓаат, остана уште борбата за избегнување на 10. позиција која води во бараж за опстанок. За неа се борат Тиквеш, Брера и Беса.

Тиквеш е во најповолна положба, им фали уште еден бод во последните две кола. Денеска му гостуваат на Шкупи кој е во најлоша форма, а во последното коло се домаќини на Струга.

Брера и Беса имаат ист број на бодови, но струмичкиот тим има меч помалку бидејќи кај тимот од Добридол веќе се вкалукулирани бодовите од ова коло кои ги земаа службено поради откажувањето на Воска.

Брера денеска гостува кај Струга, а во последното коло ја пречекува екипата на Работнички.

Беса која е во најлоша позиција ќе чека киксови на Брера и ќе брка победа во последното коло на гостински терен кај Пелистер.

Денеска се игра дербито меѓу Работнички и Вардар, како и дуелот меѓу Силекс и Пелистер, но овие натпревари немаат резултатско значење.

32. коло ПМФЛ:

Шкупи - Тиквеш 
Струга - Брера
Работнички - Вардар
Силекс - Пелистер
Беса - Воска (3-0 службено)
Гостивар - Шкендија (0-3 службено)