
Тимот што победува не се менува: Македонија вечерва со ист состав како во Естонија
Противник е Литванија која мораме да ја победиме со повеќе од два разлика за да ја надминеме негативата од првиот меч на гостински терен. На неколку часа пред мечот, објавен е составот на играчи на кои ќе смета селекторот Кирил Лазаров.
Измени нема, во комбинација се истите ракометари кои пред три дена ја прегазија Естонија и кои ќе се обидат да го повторат резултатот и вечерва.