
Анчелоти му посака добредојде на Чаби: Вратите од Реал ти се отворени
Италијанскиот стручњак имаше лоша сезона, не успеа да освои трофеј во 2025 година, а доживеа и тешки порази од Барселона по што стана јасно дека не може да продолжи. На прес-конференцијата пред Ел Класико, тој му порача добредојде на Алонсо со што на некој начин ги потврди информациите за својот наследник.
„Читам дека Чави го напушта Баер каде работеше фантастично. Нему му се отворени сите врати на светот, како и на Реал затоа што покажа дека е еден од најдобрите тренери“, рече Анчелоти.
Чаби Алонсо имаше слична приказна како Италијанецот, лани освои двојна круна во германскиот фудбал, но оваа сезона ја завршува без трофеј со Баер. Анчелоти и Чаби работеа заедно во Реал од 2013 до 2015 година, првиот како тренер, вториот како играч и освоија неколку трофеи од кои најзначаен беше оној од Лигата на шампионите во 2014.