Раперот Дрејк се обложил на Денвер и чека добивка од два милиони долари

Денвер нагетс води со 1-0 против Мајами хит во големото финале на НБА-лигата, а познатиот рапер Дрејк се обложил токму на екипата на Никола Јокиќ и чека добивка од два милиони долари.

Дрејк уплатил еден милион долари на тоа дека Денвер ќе стане шампион во НБА и ако се случи тоа, тогаш ќе добие 1,23 милиони долари.

Вториот облог е дека резултатот во финалето ќе биде 4-1 во корист на Денвер, а доколку го погоди и тоа, Дрејк ќе добие дополнителни 850.000 долари.