Повредата на Дончиќ не е сериозна, би требало брзо да се врати на теренот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ заработи повреда на синоќешниот натпревар против Феникс, го заврши мечот уште на самиот почеток, првите прогнози се позитивни.

Далас со 99-95 го победи Феникс, но триумфот беше во сенка на повредата на Лука Дончиќ кој го превитка зглобот и го напушти теренот уште во втората минута од мечот.

По натпреварот, тренерот на Далас, Џејсон Кид изјави дека Дончиќ изгледал добро.

„Изгледаше добро, се чувствуваше добро. Но ќе видиме како ќе се чувствува понатаму. Ни требаа уште информации“, рече Џејсон Кид.

Сега стигна и информација дека биле направени првите снимки кои биле негативни, тие покажале дека нема ниту скршеница ниту повреден лигамент. 

Се очекува Дончиќ да добие кратка пауза по што ќе се врати на терените.