По Дончиќ ниту Србинот Богдановиќ нема верба во Партизан во Евролигата!

Капитенот на српската репрезентацијата, Богдан Богдановиќ, за официјалниот профил на Евролигата на Твитер прогнозира кои четири екипи ќе играат на фајнл-форот во Берлин.

Тој не верува во својот Партизан, слично како Лука Дончиќ кој пред неколку дена си го кажа своето мислење, но верува во Фенербахче, а апсолутно сите беа изненадени од неговото мислење дека на завршниот турнир ќе оди Басконија, екипа која не може директно во плеј-офот и која најверојатно ќе игра во ново воведениот плејин и тоа можеби против Партизан.

Кошаркарот на Атланта хокс смета дека Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче и Басконија ќе ги одмерат силите во Берлин. Тој како „од топ“ ги кажа првите три екипи, додека пред да го каже името на Басконија многу добро размислуваше.