Ова ниту на Џордан не му успеа: Млад кошаркар на Чикаго урна рекорд со рафал од тројки (ВИДЕО)

Чикаго синоќа успеа да слави против Њујорк со 120-102, а младиот кошаркар Коби Вајт беше најефикасен во мечот со 27 поени, а буквално експлодираше во последната четвртина.

Вајт во последната четвртина постигна 23 поени, од кои дури седум тројки, па така стана најмлад кошаркар во историјата на НБА-лигата (19 години и 20 денови), кој постигнал седум тројки за една четвртина и прв во историјата на Чикаго.

Дури ниту легендарниот Мајкл Џордан не успеал да постигне седум тројки во една четвртина.