Оклахома со убедлива победа над Минесота тргна во финалето на Западот! (ВИДЕО)

Оклахома со 114-88 ја совлада Минесота во првиот натпревар од финалната серија на Западот, Шеј Гилџес Александер беше ѕвездата на вечерта.

Минесота одлично влезе во мечот, ги доби првите две четвртини и на одморот замина со предност од 48-44, но работите се променија во вториот дел.

Оклахома во второто полувреме изгледаше моќно, поразлично од првиот дел, брзо го сврте резултатот во своја полза и до крајот само ја зголемуваше предноста до конечни 114-88.

Шеј Гилџес Александер постигна 31 поен, еше најефикасен на натпреварот, во составот на Минесота Рендл даде 28 поени.