
Ѓорческа моќно го почна настапот на турнирот вреден 60.000 долари во Србија!
Македонката, која е шеста носителка на овој челинџер што се игра за награден фонд од 60.000 долари, за само половина час го доби првиот сет, додека во вториот иако загуби само еден гем мораше да игра речиси двојно подолго. Причина за тоа е фактот што првите пет гема од овој сет се играа на разлика, кога пресуди поголемото искуство на нашата тенисерка.
Ѓорческа за пласман во четврт-финалето на српскиот турнир утре ќе ги одмери силите со чешката тенисерка, Ана Сискова.