
Вардар се засили со млад десен бек од Србија – доаѓа од француското првенство!
Тој е леворак ракометар со солидно меѓународно искуство, а досега има настапувано и во австриската екипа Брегенц, како и за полскиот клуб Висла Плоцк. Покрај тоа, ги носел дресовите на српските клубови Врбас и Црвенка. Митровиќ сезонава одигра 39 натпревари за својот клуб и за репрезентација, на кои постигнал 34 гола. Тој настапи за Србија во квалификациите за Европското првенство 2026, а претходно настапувал и за младинските категории.
„Чест ми е што станувам дел од клуб со толку богата историја. Вардар е големо име во европскиот ракомет и ќе дадам сè од себе за да го оправдам довербата и да придонесам за нови успеси“, изјави Митровиќ по потпишувањето на договорот.
Новиот ракометар на Вардар веќе има европско искуство, откако со Тулуз настапуваше и во Лига Европа, каде тимот стигна до главната фаза на натпреварување.