
Милан има две опции за нов тренер - ќе бира меѓу Шпанец и Италијанец!?
„Росонерите“ денеска го решија прашањето за спортски директор, а веднаш почнале шпекулациите за нов стратег и во потесниот избор се Чави Ернандез и Винченцо Италијано.
Италијано наводно ќе добие опција да остане во Болоња до 2028 година, па поради тоа Милан потешко ќе го убеди да се пресели на „Сан Сиро“, додека Чави е слободен и најави дека сака да се врати на работа.
Претходно се шпекулираше дека и Маурицио Сари е кандидат за кормилото на „росонерите“, меѓутоа потоа беше отфрлена таа опција.
Фото: Facebook/AC Milan