
Бивш европски првак тропна на вратата на Лајпциг - сака да го купи Елмас!
Италијанските медиуми пишуваат дека Елмас е на листата со желби на поранешниот европски шампион Ајакс, кој ќе понуди 12 милиони евра за трансфер.
Лајпциг е сега на потег и треба да реши дали ќе го продаде Македонецот за „само“ 12 милиони евра, откако претходно не сакаше да му даде „попуст“ на Торино, кој пак немаше да ја плати клаузулата од 17 милиони евра.
Елмас по доаѓањето во Торино настапи на 14 натпревари, а притоа постигна четири голови за „биковите“.
Фото: Facebook/Torino Football Club