
„Марка“ објави кого ќе жртвува Реал Мадрид за да го купи Нико Вилијамс
„Кралскиот клуб“ е подготвен да ја плати откупната клаузула од 58 милиони евра која ја има Вилијамс во договорот со Атлетик Билбао, а со оглед на тоа дека веќе ангажира неколку фудбалери, значително ќе биде оптоварен буџетот, па мора претседателот Флорентино Перез да го продаде Родриго.
Родриго и минатото лето беше пред заминување од „Сантијаго Бернабеу“, откако за неговите услуги покажаа интерес неколку тимови, меѓу кои беа Манчестер сити и Челси, а токму тие премиерлигаши и летово ќе се обидат да го купат Бразилецот.
Бразилскиот фудбалер оваа сезона настапи на 50 натпревари за „кралевите“, а притоа постигна 13 голови и 10 асистенции во сите натпреварувања.