Поранешен фудбалер на Арсенал призна дека криумчарел дрога!

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас призна дека е виновен во случајот со криумчарење на канабис вреден повеќе од 600.000 фунти.

Овој инцидент се случи на аеродром во Лондон, кога Емануел-Томас се обиде од Тајланд да внесе забранета супстанца по што беше уапсен.

Британската национална агенција за криминал откри два сомнителни куфери со тежина од околу 60 килограми, во кои се наоѓал канабисот.

Истрагата покажа дека канабисот пристигнал до Тајалнд, а поранешниот фудбалер заврши зад решетки, по што следеше судењето.

Емануел-Томас, откако беше уапсен од полицијата, доби отказ и од неговиот тогашен клуб Гринок Мортон, а на последното сослушување призна дека направил кривично дело.