Денот кога на Роналдо му се „споија жичките“, па тргна да го тепа Ван Нистелрој!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, откри непозната случка од својот прв тренинг со англискиот гигант во 2006 година, кога дошло до физички конфликт меѓу Кристијано Роналдо и Руд ван Нистелрој.

Тој бил сведок на тензија која кулминирала со пресметка, само неколку дена откако Роналдо го загубил својот татко. Причина за судирот била несоодветна шега на холандскиот напаѓач.

„Бевме поделени во две екипи и игравме тренинг-натпревар, а судија беше асистентот Карлос Кеирош. Тој досуди прекршок за Роналдо, а тогаш ван Нистелрој му дофрли: ‘О, Кеирош ти е новиот татко.’ Роналдо се расплака, настана караница, па и физичка пресметка. Тренингот траеше само 30 минути“, изјави Евра.

Тој го опиша и духот во тимот под водство на легендарниот тренер Алекс Фергусон.

„По инцидентот, Фергусон ни рече да одиме внатре. Бевме како семејство, но на теренот немаше пријателства. Имаше удари, беше многу понапорно отколку вистински натпревар“, додаде францускиот фудбалер.

Евра помина девет сезони во Манчестер Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, а во пензија е од 2019 година.

ФОТО: EPA PHOTO