НБА вечерва ќе објави кој е МВП - познати се финалистите! (ФОТО)

Најсилната кошаркарска лига во светот вечерва пред мечот меѓу Њујорк никс и Индијана пејсерс ќе го соопшти името на најдобриот кошаркар во НБА, а веќе се познати и финалистите во трката за престижната награда.

Јанис Антетокумпо од Милвоки бакс, Шеј Гилџес-Александер од Оклахома сити тандер и Никола Јокиќ од Денвер нагетс се во конкуренција за МВП-наградата.

Натпреварот меѓу Њујорк и Индијана се игра вечерва од 2 часот по полноќ по македонско време, а тогаш ќе биде објавен и освојувачот на признанието.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA (@nba)

Фото: EPA PHOTO