
Неуништивиот Педро и покрај староста добива понуда за нов договор од Лацио!
Клубот од Рим се подготвува да му понуди продолжување на договорот и за следната сезона. Неофицијално, постои можност и за дополнителна опција за продолжување до јуни 2027 година, но сè уште не е потврдено дали таа клаузула ќе биде вклучена. Педро моментално заработува 2,2 милиона евра годишно плус бонуси, но со новиот договор се очекува намалување на платата, имајќи ги предвид неговите години.
„Старецот“ Педро блескаше оваа сезона – постигна 14 голови (10 во Серија А и 4 во Лига Европа) и додаде пет асистенции. Со гол на секои 146 минути, тој е најефикасниот стрелец за Лацио во италијанското првенство оваа сезона.
ФОТО: EPA PHOTO