Баерн ги победи Сити и Реал, но сега доби трет конкурент во борбата за Вирц

Германскиот шампион Баерн Минхен успеа да ги победи Реал Мадрид и Манчестер сити во трката за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, меѓутоа уште ништо не е готово затоа што трет клуб се вклучи во трката за талентираниот фудбалер.

Баерн пред себе сега го има новиот англиски шампион Ливерпул, кој планира да испрати понуда до германскиот репрезентативец, откако претходно имал состанок со претставниците на Вирц.

Вирц им кажал на клубовите дека својата конечна одлука ќе ја соопшти во следните 10 дена, односно на почетокот на јуни.

Германскиот фудбалер оваа сезона настапи на 45 меча за „фармацевтите“, а притоа постигна 16 голови и 15 асистенции.

Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen