
Њујорк прокоцка +17 на шест минути до крајот, Индијана направи брејк! (ВИДЕО)
Индијана поведе со 1-0 во финалната серија на истокот и тоа со брејк, го победи Њујорк пред неговите навивачи.
На нешто повеќе од шест минути до крајот Њујорк имаше предност од 111-94 и во тие мигови никој не веруваше дека мечот може да има поинаков исход од победа на домаќините, но тоа се случи.
Индијана полека почна да ја топи предноста на Њујорк, а до продолжение дојде благодарение на еден неверојатен кош на Халибартон, топката влезе и со многу среќа.
Во продолжението Индијана беше подобра и на крајот славеше со 138-135.
Халибартон беше најефикасен во составот на Индијана со 35 поени, имаше и 12 скокови, за Њујорк Брансон постигна 43 поени, а Таунс 35.