Гилџес Александер убедливо до МВП признанието - Јокиќ останал далеку зад него (ФОТО)

Никола Јокиќ го заврши основниот дел од сезоната со трипл дабл просек, но во гласањето за МВП наградата, тој не бил ни блиску до освојувачот Шеј Гилџес Александер.

НБА го објави конечниот распоред од кој се гледа дека канадскиот кошаркар добил 913, а Јокиќ 787 бода што е огромна разлика ако се спореди ефектот на двајцата кошаркари. Тие двајца ги освоиле сите 100 номинации, односно првите места при гласањето, само што за Гилџес Александер гласале 71, а за Јокиќ 29 од учесниците. Ваквиот развој на настаните е мошне чуден ако се знае дека српскиот репрезентативец го заврши основниот дел од сезоната со трипл дабл просек.

 

 

На третото место заврши Јанис Адетокумпо кој откако беа објавени гласовите, силно негодуваше на конечниот епилог, пред се поради тоа што Јокиќ не ја доби наградата.