
Ал Наср сега му нуди големи пари на Брозовиќ - за да си оди од клубот!
Според последните информации, на Брозовиќ му бе понудено обештетување од девет милиони евра.
Иако сумата е висока, не се очекува Хрватот да ја прифати бидејќи ако остане ќе заработи околу 25 милиони евра колку што му е платата на годишно ниво.
Ал Наср за Брозовиќ на Интер му плати 15 милиони евра, плус му даде богат договор на Хрватот, а сега му дава пари за да замине.
Брозовиќ би заминал под тие услови само ако најде нов клуб кој би му понудил висока плата, па сумата од девет милиони евра да му биде само дополнителна заработка.