
Шкендија ги дозна можните противници за квалификациите од ЛШ - нема да ѝ биде лесно!
Македонските екипи не можат да се пофалат со резултати на европска сцена, па поради тоа се во групата на неносители. Исто како и Вардар, Работнички и Силекс, така и Шкендија ќе биде влечена од шеширот каде што се послабите тимови.
Дел од можните противници на Шкендија се Лудогорец, Стеауа, Олимпија Љубљана, Малме...
Шкендија противникот ќе го дознае на 17. јуни за кога е закажана ждрепката во Нион. Првиот меч ќе го одигра на 8 или 9 јули, а реваншот на 15 или 16 јули.