
Ако остане во Париз, Шортс ќе има нов тренер
Иднината на американскиот плејмејкер уште не е позната, но ако остане во француската престолнина, ќе има нов тренер идната сезона. Познато е дека Тијаго Сплитер ќе си замине претстојното лето бидејќи има понуди да се врати во НБА, а клубот, наводно, веќе ја нашол неговата замена.
Станува збор за италијанскиот стручњак Франчеко Табелини кој во моментов е тренер на чешкиот Нимбурк и под негово водство, последните две сезони тимот стигна до четвртфиналето на ФИБА Европа купот и Лигата на шампионите.
Изборот паднал на него затоа што го негува истиот стил како Сплитер, брз напад со многу шутеви, како резултат на што Нимбурк беше лидер по бројот на постигнати поени во Лигата на шампионите на ФИБА последната сезона.