Њујорк Никс го освоија НБА купот, прв трофеј за нив од 1973!
По повеќе од пет децении Њујорк Никс кренаа трофеј, во финалето кое се играше во Лас Вегас тие го совлдаа Сан Антонио кој водеше во најголемиот дел од мечот, но заглави во последната четвртина.
Првата четвртина беше изедначена, но како одминуваше времето така Сан Антонио се одлепуваше, во текот на третиот период неколкупати имаа предност од 11 разлика. Во последниот период влегоа со водство од 94-89.
Но, работите се променија во последните 12 минути, Њујорк заигра фантастична одбрана, а одличи беа и во нападот, ја добија четвртината со 35-19 и на крајот славеа убедлива победа од 124-113.
Ануноби со 28 поени беше најефикасен кај Њујорк, одличен беше и Брансон со 25, во составот на Сан Антонио Харбпер реализираше 21 поен, Вембањама 18.
Со освојување на трофејот играчите на Њујорк заработија и убави пари. Секој од нив за победата доби дополнителни 318.560 долари, со што вкупниот износ со учеството во финалето им изнесува 530.933 по кошаркар.
За разлика од претходните дуели во купот, овој натпревар не влегува и како резултат за регуларната сезона.