Саша Обрадовиќ со пцовки го почна пресот! (ВИДЕО)

Црвена звезда влезе во лоша форма во Евролигата, вчера доживеа уште еден пораз, овојпат на гостински терен кај Хапоел Тел-Аив со 78-84, па тренерот Саша Орадовиќ не беше многу расположен за дискусии.

За Црвена звезда ова беше трет пораз по ред во Евролигата или четврти на последните пет натпревари.

По бајковитиот старт по доаѓањето на Саша Обрадовиќ, белградскиот гигант сега се наоѓа во криза.

Обрадовиќ на вчерашната прес-конференција по мечот беше видно нерасположен. Почна со пцовки, можеби не беше свесен дека микрофонот е вклучен, па тивко почна да пцуе, но сите го слушнаа.