Лукаку се врати и отпатува во Ријад на италијанскиот Суперкуп! (ВИДЕО)
Лукаку се повреди на 14 август на пријателски натпревар против Олимпијакос и оттогаш е во аут. Тој на тренинзите се врати во понеделникот и веќе е во комбинација за следните предизвици на Наполи.
Наполитанците отидоа во Ријад каде ќе се игра италијанскиот Суперкуп, таму е и Лукаку, тој е во комбинација за настап.
Наполи утре игра против Милан во полуфиналето, следниот ден играат Болоња и Интер во второто полуфинале.
Финалето е закажано за понеделник, 22 декември.