Дончиќ како Дедо Мраз - им даде убави подароци на соиграчите! (ФОТО)

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ ги изненади своите соиграчи и персоналот во клубот откако им даде новогодишни подароци.

Дончиќ купи повеќе од 100 електрични велосипеди за играчите и за персоналот во Лејкерс.

Словенецот го крена расположението во тимот, од фотографиите може да се забележат насмевките на соиграчите кои беа пријатно изненадени од потегот на Лука.