Ако Алонсо имаше играчи кои размислуваат како Гарначо - полесно ќе му беше во Реал!

Челси синоќа со 3-1 победи на гостувањето кај Кардиф и се пласираше во полуфиналето од англискиот Лига Куп, два од трите гола за сините беа дело на Гарначо.

Гарначо во игра влезе во второто полувреме, а потоа погоди во 57. минута за водство на Челси од 1-0, и реализираше во судиското продолжение кога ги постави конечните 3-1.

По мечот даде изјава која ќе му се допадне на секој тренер.

„Понекогаш ги стартуваш натпреварите, а понекогаш влегуваш од клупата, ние не се фокусираме на тоа. Само се обидуваме да му помогнеме на тимот кога е потребно, ќе се обидеме да се бориме за се, полуфиналето е следно“, рече Гарначо.

Од изјавата на Гарначо се гледа тимскиот дух кој го поседува, а кој им фали на некои клубови. Чаби Алонсо мака мачи со индивидуализмот во Реал Мадрид каде сите се лутат кога не играат или кога ќе бидат извадени од игра. Ќе му беше многу полесно ако сите размислуваа како Аргентинецот од Челси.