Никој како Јокиќ во 78-годишното постоење на НБА лигата

Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата кое тешко дека ќе биде надминато.

Србинот стана прв кошаркар во историјата на лигата кој во период од пет сезони постигнал над 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции. До крајот на основниот дел од оваа натпреварувачка кампања има уште девет, па Јокиќ ќе може дополнително д го подобри својот рекорд.

Последните пет сезони тој секако е најдобар играч во НБА, освои две МВП признанија, една шампионска титула, а речиси секојдневно соборува рекорди во лигата. И сега е еден од најсериозните кандидати за наградата за најдобар играч, а Денвер за шампионската титула.