Неочекуван херој на Голден Стејт: Јута летово го отпушти па сега ја победи во последна секунда (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Голден Стејт во драматичен натпревар успеа да слави на гостувањето кај Јута со 124-123 и тоа буквално во последната секунда. 

Ниту Стеф Кари, ниту Кевин Дурент, ниту пак Клеј Томсон не беше херојот кој погоди на 0,3 секунди до крајот на натпреварот. Јонас Јеребко е човекот на одлука, кој ги реализираше последните поени за Вориорс. Кевин Дурент ја преземе одговорноста да го реализира последниот напад, но не беше прецизен. Затоа тука беше Јеребко од одбојка да ја смести топката во кошот за конечна победа.

Кевин Дурент натпреварот го заврши со 38 поени, Стеф Кари имаше 31, Дрејмонд Грин 14 поени, додека Клеј Томсон постигна 12 поени. Џо Инглес беше најефикасен кај Џез со 27 поени, додека најдобриот играч Донован Мичел броеше до 17 поени.

Во дербито на Источната конференција, Торонто го совлада Бостон со 113-101. Каваи Ленард сезонава ја почнува во голема форма и веќе втор натпревар во дресот на Репторс реализира дабл-дабл учинок. Утринава имаше 31 поен и 10 скокови во триумфот над Селктикс. Серж Ибака беше втор најдобар играч на паркетот со 21 поен и 15 скока. Кајри Ирвинг со 21 поен беше најефикасен кај Бостон.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Шарлот 88-120
Бруклин - Њујорк 107-105
Мемфис - Атланта 131-117
Минесота - Кливленд 131-123
Њу Орлеанс - Сакраменто 149-129
Милвоки - Индијана 118-101
ЛА Клиперс - Оклахома 108-92