Настрада единствениот кошаркар во НБА кој не клечеше на химната на САД! (ВИДЕО)

Засега единствениот кошаркар кој не клечеше за време на химната на САД, во знак на поддршка на црномурестите под слоганот „И црните животи се важни“, Џонатан Исак од Орландо меџик сериозно се повреди на синоќешниот дуел против Сакраменто (132-116), откако ги скина лигаментите во коленото.

Немилиот настан се случи во последната четвртина, по што Исак беше изнесен од салата во количка. Прегледите утврдија дека настрадало левото колено, поради кое веќе пропушти 31 меч сезонава.

 

 

Главна причина што Исак во петокот беше главна вест во американските медиуми, беше неговата верба во Исус Христос, единствениот пред кого тој клечи.

„Верувам во движењето, но не верувам дека со клечење и носење маички се дава поддршка. Сите правиме гревови, а решението за сите светски проблеми, не само за расизмот, е зборот – Исус Христос“, изјави тогаш Исак.