Коментаторот збесна: Најмонструозното забивање на Џејмс на сите времиња (ВИДЕО)

Кливленд кавалирс загуби во пресметката рано утринава по македонско време против Портланд (105-113), но овој меч нема да биде запаметен по 11. триумф по ред на „пионерите“ туку по монструозното забивање на Леброн Џејмс во првата четвртина.

Според коментарите по средбата, тоа дефинитивно е најдоброто забивање на Кралот Џејмс во неговата досегашна кариера. На „коњаниците“ не им помогнаа неговите 35 поени и останаа на четвртата позиција во Источната конференција со уште 14 средби за одигрување пред плејофот. Жртва на силината на Леброн беше босанскиот интернационалец Јусуф Нуркиќ, кој буквално беше прегазен.

 

OMFG LEBRON. 😳😳😳

A post shared by House of Highlights (@houseofhighlights) on