Кливленд подобар од Чикаго, Леброн стигна до 70. трипл-дабл (ВИДЕО)

Во минатата ноќ беа одиграни неколку натпревари во НБА лигата. Чикаго стигна до важна победа против Кливленд, а Леброн Џејмс го постигна својот 70. трипл-дабл во кариерата.

Благодарение на одличната партија, Џејмс така стана шестиот играч во историјата на НБА лигата на кого му успеало тоа. Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл е на врвот, а го следат Меџик Џоунс со 138, Џејсон Кид со 107, Расел Вестбрук со 101 и Вилт Џемберлејн со 78.

Екипата на Њујорк никс го совлада Шарлот со 124-101, а најдобар во победничката екипа беше Тим Хардвеј со 25 поени, три скокови и три асистенции додека во противничкиот тим најдобар беше Двејн Бејкон со 15 постигнати поени.

Холис Џеферсон со 23 поени и Расел го предводеа тимот на Бруклин до триумф против Далас од 114-106, а кај Маверикс најдобар беше Денис Смит Џуниор со 21 поен, два скока и пет асистенции.

Останати резултати:

Њу Орлеанс – Хјустон 101-107
Вашингтон – Индијана 109-102
Мемфис – Денвер 101-94
Сан Антонио – Минесота 117-101
Јута – Сакраменто 103-97
Феникс – Голден Стејт 109-124
Портланд – Детроит 100-87