Клиперс одбиваат да се предадат пред шампионот Голден Стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс успеа да намали на 3-2 против Голден Стејт во првата плеј-оф серија во НБА-лигата. 

Интересно е тоа што тимот од Лос Анџелес двете победи ги оствари на гостински паркет. Утринава славеше со 129-121 и тоа повторно благодарение на одличниот Лу ВИлијамс со 31 поен и 10 асистенции. Кај Вориорс најдобар беше Кевин Дурент, кој постигна за него рекордни 45 поени во кариерата во плеј-офот.

Хјустон очекувано ја елиминираше Јута со 4-1 по победата од 100-93. Џејмс Харден постигна 26 поени за Рокетс, Клинт Капела постигна 16 поени и 10 скока. Рики Рубио со 17 поени беше најефикасен кај Џез. Хјустон во втората рунда од плеј-офот ќе се сретне со подобриот од пресметката помеѓу Голден Стејт и ЛА Клиперс.