Клиперс го распипаа дебито на Голден Стејт во новата арена (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс уште на стартот на сезоната во НБА-лигата најавува дека можеби ќе биде главниот тим на Западната конференција. Откако го совладаа тимот на Лејкерс на отворањето на сезоната, утринава славеа и на гостувањето кај Голден Стејт со 141-122.

Клиперс го расипаа дебито на Вориорс во новата „Чејс арена“ во Сан Франциско со неверојатно ефикасна игра во нападот. Во третиот период гостите постигнаа дури 46 поени. Најефикасен на натпреварот беше Стеф Кари со 23 поени, но очигледно беше отсуството на Клеј Томсон, кој е повреден и Кевин Дурент кој си замина во Бруклин (исто така повреден). Гостите ги предводеш Лу Вилијамс со 22 поени, додека еден помалку постигна Каваи Ленард.

Јанис Адетокумпо постигна трипл-дабл и го предводеше Милвоки до победа на гостувањето кај Хјустон од 117-111. Грчкиот кошаркар постигна 30 поени, 13 скока и 11 асистенции. На спротивната страна Расел Вестбрук постигна 24 поени и 16 скока, додека Џејмс Харден натпреварот го заврши со 19 поени и 14 асистенции.

На последниот натпревар утринава, Атланта ја комплетираше доминацијата на гостите со триумф од 117-100 кај Детроит. Трае Јанг со 38 поени го водеше својот тим до победата.